Фото и рецепт на Валентина Делиманчева Андреева – посен старински колач со јаболка.
Рецептот за овој старински рецепт за лесно и едноставно приготвување на прекрасниот колач со јаболка но го претстави нашата драга членка Валентина Делиманчева Андреева во групата НМД рецепти.
Потребни состојки: 2 чаши (од 200 мл) просеано брашно, 1 прашок за печиво, 2 чаши гриз, 1 чаша шеќер. За фил: 1,5 кг јаболка, 1 чаша шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 кесичка цимет, ¾ чаша масло.
Постапка: Во еден длабок сад ги мешаме прво сувите состојки: две чаши просеано брашно со прашок за печиво и додаваме две чаши гриз и една чаша шеќер. Изедначуваме и смесата ја делиме на три дела.
Во друг длабок сад ги рендаме претходно измиените и излупените јаболка, додаваме една чаша шеќер, две кесички ванилин шеќер, една кесичка цимет и три четвртини од чашата масло. Оваа смеса се промешува добро и се дели на два дела.
Во плех обложен со хартија и димензии 30х20 прво рамномерно нанесуваме една третина од сувите состојки. Врз овој дел рамномерно се распоредува првата половина од филот со јаболката.
Потоа врз него се наросува втората третина од сувите состојки, па втората половина од филот со јаболка и на крај се завршува со остатокот од сувите состојки. Одозгора може да се нароси сокот од јаболката што го испуштиле.
Наместо маслото што се става во јаболката, истото може да се замени со 150 г путер, па исечкано на ситни коцки да се распореди одозгора врз најгорниот слој од суви состојки.
Вака приготвениот колач се става во претходно загреана рерна на 180 степени и се пече околу 45 минути или повеќе, во зависност од рерната. Печениот колач одозгора се наросува со шеќер во прав.
Фото и рецепт на Валентина Делиманчева Андреева.