Ловоровиот лист одамна е ценет не само како врвен зачин кој на јадењата им дава посебна арома, туку и како природен лек кој делува противвоспалително и антисептички.

Листовите од оваа древна зимзелена билка која расте ширум Средоземјето, се богати со разновидни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинкг, магнезиум, селен), како и витамини од Б групата кои се важни за метаболизмот, хормоналната рамнотежа, како и за нормална работа на нервите и мускулите.

Ловорот се користи и во лекувањето на дигестивни и кардиоваскуларни пречки, гихт и реума, како и кај нервоза и несоница.

Етеричното масло од ловоров лист се користи за инхалации, а многу е корисно и за дезинфекција на просторот во сезона на настинки и вирози.

Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачуваат и за јакнење на имунитетот, прочистување на дишните патишта, и ублажување на кашлицата, болки во грлото и бронхитис.

ЧАЈ ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ: Три свежи или суви листови од ловоров лист исечкајте ги на помали парчиња или издробете ги, па прелијте ги со 250 мл вода и откако ќе зоврие на умерена температура варете 10 минути.

Тргнете од оган и оставете 10 минути поклопено, па процедете. Кога малку ќе се олади додадете лажица лимонов сок и лажичка мед. Пијте 2-3 шолји дневно.

ЛОВОРОВ СИРУП: Пригответе 6 свежи или 8 суви листови ловор, 250 мл вода, 6 лажици кафеав шеќер или мед, сок од 1 лимон.

Водата ставете ја на оган да зоврие, па додадете ги ловоровите листови и поклопено варете на умерено 10 минути.

Процедете го чајот, додадете шеќер или мед и сок од лимон. Добро промешајте додека да се растопат состојките.

Консумирајте по 1-3 лажички сируп дневно, топло или ладно. Ловоровиот сируп чувајте го во фрижидер во стаклена тегла, до неколку денови, а потоа пригответе нова доза.

РЕЦЕПТ И ИСКУСТВО НА ЧИТАТЕЛКА: