Рецепт и видео презентацја на Летина кујна – Излиена пита со меснати топчиња и кефир.

Потребни состојки:

400 г мелено месо
200 мл кефир
200 г брашно
1 лажица масло
½ лажичка сода бикарбона
½ главица кромид рендан
½ лажичка сол, црн пипер по вкус
1 домат
2 јајца
2 рамни кафени лажички сол

Постапка:

Кромидот изрендајте го, додадете го меленото месо, зачинете го и измесете го со рака. Месото треба добро да се измесо за да се впијат и изедначат состојките. Од тестото кинете мали парчиња, формирајте мали топчиња со намастени дланки (величина на пинг понг топчиња).

За смеса: Во длабок сад ставете две јајца и изматете ги со маталка, па додадете две рамни лажички сол и половина лажичка сода бикарбона. Во смесата додадете и една супена лажица масло и една чаша кефир. Добро изматете да се соединат состојките.

На крај во смесата додадете 200 г брашно и мешајте додека да добиете компактна смеса без грутчиња. Тепсија или плех со средна величина нанамстете ја со путер и дното наросете го со малку презла.

Излејте малку од приготвената смеса колку да се покрие дното. Потоа редете ги топчињата од тесто, па прелијте ги одозгора со остатокот од смесата. Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.

Кога рерната ќе се загрее, ставете да се пече питата и намалете ја температурата на 180 степени. После 10 минути печење извадете ја питата од рерна и одозгора наредете тркалца сечен домат. Питата мора малку да се запече за да не пропаднат доматите долу. Потоа вратете ја питата во рерна да се допече. Печете ја вкупно околу 25 минути. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.