Фото и рецепт на Верица Николиќ – Чоколадна торта од три состојки.

Кога ја видов оваа торта на интернет, да бидам искрена, се сомневав дека може да биде вака вкусна. Ја направив за 20 минути и сè се прави во еден сад, само што мора да се почека да се стегне.

Потребни состојки:

360 мл млеко/за посно – кокосово млеко
220 г темно чоколадо
220 г овесни снегулки

Постапка:

Дното на калап со величина од 18 см обложете го со хартија, а страните намастете ги со путер. Ако немате калап со оваа величина, користете тенџере, само што ќе треба да го обложите целото со проѕирна фолија, а за да можете да ја извадите тортата.

Во соодветен сад ставете млеко, додадете го чоколадото искршено на коцки и ставете на оган. На тивок огам мешајте со жица за матење, додека чоколадото да се растопи и млекото да зоврие.

Тргнете го садот од оган и додадете ги овесните снегулки. Со лажица добро промешајте да се соедини смесата, па излејте ја во приготвениот калап. Израмнете ја површината со лажица, оставете да се олади на собна температура, а потоа оставете ја во фрижидер околу 4 часа.

Потоа извадете ја тортата од фрижидер, тргнете го обрачот и тортата префрлете ја врз чинија за сервирање. Исечете ја тортата и уживајте во нејзиниот вкус со шолја кафе…

Фото и рецепт на Верица Николиќ