Home Рецепти Посни колачи, колку подолго стојат, толку се повкусни – лесен и едноставен...

Посни колачи, колку подолго стојат, толку се повкусни – лесен и едноставен рецепт

Фотографија и рецепт на Александра Ивановиќ – Посни медењаци.

Го испробав рецептот на Ружица Глумац и медењаците излегоа навистина феноменални. Најдобрите кои досега сум ги пробала. Колку подолго стојат, толку се поубави. За мерење се користи шолја од 200 мл.

Потребни состојки: 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 2 кесички цимет, 1 шолја масло, 1 шолја мед, 1 шолја вода, 6 шолји брашно и 1 кесичка сода бикарбона

Постапка: во подлабок сад спојте ги прво течните состојки: водата и маслото. Додајте го шеќерот и мешајте додека тој да се раствори.

Потоа додајте го медот и повторно промешајте за да се раствори и соедини. Потоа следно ставете две кесички цимет, една кесичка сода бикарбона и постепено додавајте го брашното.

Кога на крај ќе ги соедините сите состојки, замесеното тесто оставете го да одмора на собна температура два часа.

<

Потоа правете топчиња со величина од орев, редете ги во плех обложен со хартија (на соодветно растојание) и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Од ова не може поедноставно..

Фотографија и рецепт на Александра Ивановиќ