Фото и рецепт на Mi Zlica – најбрзите кексички – најпопуларниот рецепт.
Зошто да ги направите овие кекси? Затоа што многу едноставни, супербрзи и супервкусни. Ќе ви бидат потребни само 20 минути за да си замесите, испечете и да си “смачкате” овие кекси. Многу е популарен овој рецепт, па ако сте го промашиле, брзо запишете си го и направете го.
Потребни состојки:
180 г чоко-лешник намаз (нутела/еурокрем…)
150 г брашно
1 јајце
Постапка:
Во еден сад измешајте го лешниковиот намаз (чоколадниот дел) со едно јајце и 150 г брашно. Добро измесете со рака за да се соединат состојките. Тестото е супер за формирање.
Кинете мали парчиња од тестото и формирајте топчиња. Мене ми излегоа 23 топчиња, а вие доколку сакате повеќе, зголемете ја сразмерно количината на состојките.
Со прст или со врвот од дрвена дршка на секое топче направете вдлабнување. Рерната вклучете ја да се загрее на 170 степени.
Колачите наредени во плех врз хартија ставете да се печат во загреаната рерна вкуспно 10 минути, ниту минута повеќе!
Оставете ги колачите минутка да посизладат, па во нивното вдлабнивање ставајте чоко-лешник намаз (со лажичка или шприц) и послужете.
Фото и рецепт на Mi Zlica