Фото и рецепт: Маја Остојиќ – Проја.

Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.

Потребни состојки:

6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.

Постапка:

Со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додадете 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина.

Потоа додадете 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).

Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додадете го во претходната смеса и со лажица промешајте.

Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см). Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени.

Фото и рецепт: Маја Остојиќ