Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Памук кифли меки како душа.
Одлични кифлички, меки како душа, додека се печат прекрасно мирисаат, па нема да се воздржите и уште топли ќе сакате да ги јадете…
Потребни состојки:
10 г сув квасец, 2 супени лажици шеќер, 200 мл млеко, 100 мл масло, 2 белки од јајца, 1 кафена лажичка сол, 550 г брашно, 10 г прашок за печиво, растопен путер, 2 жолчки од јајца и малку млеко за премачкување. Рерната треба да биде загреана на 200 степени, а кифлите се печат 15-тина минути.
Постапка:
Една кесичка сув квасец (10 г) измешајте со две супени лажици шеќер и додадете 200 мл млеко млеко. Промешајте, па додадете 100 мл масло и две белки (на собна температура). Добро промешајте па додадете 1 лажичка сол, 550 г брашно и 1 кесичка прашок за печиво (10 г).
Замесете со рака додека да се соединат состојките и да добиете меко, мазно тесто. Оставете го да стасува во намастен сад околу 90 минути. Потоа малку премесете го и поделете го на 12 топчиња. Покријте ги со проѕирна фолија за да не се сушат.
Со оклагија секое топче развлечете го во тенка кора и преку целата површина премачкајте го со растопен путер. Со остар нож засечете ја кората од едната половина со тенки засеци (за да добиете форма на гасеница), па свиткајте ја кифлата (погледни видео).
Постапката повторете ја со сите топчиња, а кифлите редете ги во плех обложен со хартија, покријте ги со крпа и оставете ги да стасаат 30 минути. Одозгора премачкајте ги со две жолчки изматени со 2-3 лажици млеко.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: