Постојат одредени начини да го успорите процесот на опаѓање на косата, па дури и да го забрзате нејзиниот раст, а истражувањата покажуваат дека во вакви случаи многу помага рузмаринот.

Терапијата со рузмарин за убава и здрава коса: спречете го опаѓањето и забрзајте го растот!

Сите сакаме да имаме здрава и бујна коса, па не е ни чудо што кај многумина опаѓа самодовербата кога таа таа ќе започнува да опаѓа и да се ретчи.

Губитокот на коса – алопеција, е чест проблем, малку повеќе кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикано од многубројни причини од кои најчести се: генетска предиспозиција, хормонална нерамнотежа, хроничен стрес, кожни заболувања, проблеми со штитна жлезда, недостиг на хранливи материи во исхраната, силна боја за коса, нуспојава на некои лекови и сл.

Природниот губиток на косата најчесто се јавува поради процесот на стареење, кога фоликулите започнуваат да се стеснуваат и да произведуваат потенка коса со пократок животен век.

Меѓутоа, постојат и одредени начини со кои може да се успори процесот на опаѓање на косата, па дури и да се забрза нејзиниот раст.

Истражувањата покажуваат дека рузмаринот е доста добар во тој процес, најверојатно поради неговото својство да ја зголемува циркулацијата на крвта на скалпот. Еве на кои начини можете да го користите рузмаринот со цел – стимулирање на растот на косата.

СЕКОЈДНЕВНО ШАМПОНИРАЊЕ

За секојдневно негување на косата, во шампонот или регенераторот додадете есенцијално масло од рузмарин (се купува од аптека). Користете две капки масло за секои 30 мл шампон или регенератор.

Неколку не ја шампонирате косата секој ден, тогаш нанесувајте само регенератор: косата навлажнете ја, нанесете го регенераторот, измасирајте и испалкнете како и вообичаено.

СЕКОЈДНЕВНА МАСАЖА

За секојдневна масажа која го стимулира растот на косата, 2 капки есенцијално масло од рузмарин помешајте со 30 мл базно масло (како што е јојоба или некое друго). Маслото втријте го на скалпот и масирајте три минути пред перењето на косата.

Третманот со топло масло еднаш неделно е исто така ефикасен метод: Во 50 мл базно масло ставете 5 капки масло од рузмарин. Вака промешаното масло чувајте го во стаклена тегличка која може да се затвори.

Тегличката ставете ја во тенџере со зовриена вода, неколку минути, за да се загрее маслото. Постепено масирајте го скалпот со маслото, користејќи ги јагодиците од прстите, во времетраење од неколку минути. Косата треба да биде сува. Мала количина од маслото нанесете долж целата коса.

Потоа завиткајте ја главата со кеса или капа за туширање, па со топол влажен пешкир. Кога ќе се олади, заменете го пешкирот со нов, топол и повторувајте ја постапката во времетраење од 30 до 45 минути, па измијте ја косата со благ шампон или најдобро, детски.

Напомена: Есенцијалното масло од рузмарин не се препорачува за лица кои имаат висок крвен притисок.

ПРИРОДЕН ЛЕК-ТОНИК ОД РУЗМАРИН ЗА КОСА-СПРЕЧУВА ОПАЃАЊЕ И ГО ЗАБРЗУВА РАСТОТ

Потребни состојки: 3 мали лажички сув рузмарин (или три мали гранчиња свеж), 1 кесичка зелен чај (или 1 мала лажичка зелен чај во прав), 2 см свеж корен од ѓумбир, 350 мл вода, шише со распрскувач.

Постапка: Во еден сад загрејте 350 мл вода, ставете зелен чај, рузмарин и сечкан или рендан ѓумбир. Кога ќе зоврие течноста веднаш намалете го огнот и гответе уште 5 минути. Тргнете на страна и поклопете го садот додека течноста да излади. Потоа процедете низ густа газа и течноста складирајте ја во шише со распрскувач.

Употреба: Нанесувајте го тоникот секој ден навечер, пред спиење, делејќи ја косата на прамени и разделоци. Со врвот од прстите 3 минути тријте го средството во кожата од главата. Легнете да спиете без да го исплакнете тоникот.

Тоникот можете да го чувате најдолго една седмица во фрижидер и затоа потрудете се да го искористите за тоа време.

Покрај главната состојка, овој тоник содржи и зелен чај – фантастично средство за поттикнување на растот на косата. Познато е дека зелениот чај содржи кофеин, кој пред се’ ја зголемува микроциркулацијата на кожата од главата, а исто така го забрзува и растот затоа што го инхибира хормонот DHT (dihidrotestosteron) кој е причинител за алопеција и ќелавост не само кај мажите, туку и кај жените.

Рузмаринот најдобро делува со ѓумбирот – силен антиоксиданс и антисептик, кој го намалува јадежот, првутот и лупењето на кожата од главата. Ѓумбирот ги снабдува фоликулите на косата со витамини, минерали, масни киселини, ја обновува влажноста, ги јакне влакната од косата и спречува опаѓање на косата.

Многу едноставно, воопшто без да излезете од дома, можете да и помогнете на вашата коса таа повторно да изгледа здраво и сјајно.