Сведоци сме на континуираниот пораст на бројот на лица позитивни на COVID-19, а со самото тоа и зголемена потреба од навремено и точно дијагностицирање на присуство на вирусот.
Со цел полесно справување со пандемијата и зачувување на здравјето на населението, генетската лабораторија при Клиничката болница Жан Митрев овозможува специјални поволности на PCR тестирањата.
Капацитетите се неколкукратно зголемени и на располагање Ви стои тимот кој е единствениот во државата што го декодираше геномот на коронавирусот SARS-CoV-2 и има најдобро познавање на неговата геномска структура.
Во зависност од Вашите потреби достапни се неколку различни опции:
За компании:
1. Индивидуални тестови
* Над 50 лица – 40% отстапка или 2450 ден/човек
* 20-50 лица – 30% отстапка или 2750ден/човек
* до 20 лица – 25% отстапка или 3000 ден/човек
- Пулинг т.е тестирање на група: 1500ден/лице + доплата 2450 ден во случај на позитивни резултати
За семејства:
од 2 до 10 члена – 25% отстапка или 3000 ден/лице.
Тестирањето се врши со земање на примерок брис од нос и грло кои се обработуваат со помош на PCR метода. Резултатите се готови најдоцна 24 часа по земање на примерокот.
Во цената е вклучен и превод на еден од светските јазици, така што тестот може да се користи за патување. Постои и опција за теренско земање на материјал.
За сите останати прашања, детали и поволности, слободно контактирајте ги:
Сања Спасова [email protected] или
Сузана Аџиовска [email protected]
Доколку сакате да веднаш да закажете термин, јавете се на 02/3091-484 или пишете ни на: [email protected].