Кај многумина честа појава е подуен стомак и потреба за испуштање на гасови. Во стомакот се чувствува затегнатост, исполнетост и непријатно подување кое стомакот го прави во вид на топка.
Ова може да се појави после обилен оброк, но некои луѓе се чувствуваат подуено цело време. Причините за ова се следните:
-Не пиете доволно вода.
Голем број здравствени проблеми се јавуваат како резултат на дехидратација. Ова се засилува доколку консумирате повеќе кафе или алкохол. Па така, задолжително пијте најмалку 6-8 чаши вода дневно.
Кога телото е лишено од вода, тоа ќе ги користи сите можни течности од организмот до кои може да дојде, а отеченоста се јавува токму поради таа задршка на течности.
-Запек
Ако не ги празните доволно вашите црева, односно имате опстипација, тоа значи дека не внесувате доволно растителни влакна во вашата исхрана. Притоа, во вашите црева се ослободуваат гасови кои ја влошуваат состојбата.
Користете интегрален леб, наместо бел, пијте многу овошни и зеленчукови сокови.
-Стрес
Оваа состојба може да е предизвикана и од преголем стрес. Во ваква состојба вашиот мозок го спречува дигестивниот систем да функционира правилно. Откако ќе се ослободите од стресот, ќе го решите и проблемот со подуеноста.
-Јадете премногу брзо
Кога храната нема добро да се соџвака, телото започнува да ја обработува и разложува побавно и може да се појави подуеност. Исто така, многу е значајно да се јадат помали порции во помали залаци.
-Консумирате премногу јаглехидрати
Подуеноста може да се појави и поради внес на премногу јаглехидрати. Овој проблем ќе го решите со намалување на истите. Шеќерот заменете го со овошје и зеленчук.