Бевте на лекарски преглед а тестовите од крвта покажаа висок холестерол? Треба да сте загрижени и тоа со причина. Веројатно претходно сте имале некој стре-сен период,   можеби не сте се хранеле здраво и не сте биле физички активни или едноставно, не сте знаеле дека можеби имате и наследен фактор.

Холестеролот кој се таложи на артериите постепено го намалува нивниот лумен, се стеснува и се намалува протокот на крвта, што пак доведува до зголемување на крвниот притисок и ризик од срцев и мозочен удар. Најверојатно, вашиот лекар најпрво ќе ви предложи некоја рестриктивна диета и ќе ве советува да бидете повеќе физички активни.

Доколку холестеролот е покачен многу над нормалните вредности, тогаш веројатно ќе ви бидат советувани и некои лекарства. како и да е, пред да преземете било какви чекори, мора да се консултирате со вашиот лекар. Иако постојат бројни медикаменти за намалување на лошиот холестерол, сепак постојат и природни ефикасни лекови.

Ако се одлучите вашата здравствена состојба да ја подобрите на природен начин преку исхрана, овој метод кој можете да го прочитате во продолжение, ќе ви помогне да ги прочистите крвните садови, и полека да ги елиминирате блокадите, па така ќе ја одбегнете ангиопластиката или бајпасот.

Следниот природен рецепт е докажан метод за елиминирање на лошиот холестерол и чистење на крвните садови:

Потребни состојки:

1 чаша сок од лимон
1 чаша сок од ѓумбир
1 чаша сок од лук
1 чаша јаболкова киселина

Ова се количините за една доза.

Како што можете да забележите, се користат еднакви делови од сите 4 состојки: лимон, ѓумбир, лук и јаболкова киселина. Препаратот не е вкусен, но затоа пак е многу лековит.

Начинот на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во сад, на тивок оган, со повремено мешање, околу половина час.

Кога смесата ќе се намали за околу 3 чаши во квантитет, отстранете го садот од огнот, поклопете и оставете да се излади.

Кога напитокот ќе излади, додадете 3 чаши квалитетен мед (значително ќе го подобри вкусот и ќе додаде многу хранливи материи), промешајте добро да се изедначи, па складирајте во стаклени шишиња. Доколку не сакате одеднаш цела количина да ја направите, тогаш направете помала, но задржете го односот на состојките.

Употреба:

По една лажица од овој неверојатен природен лек наутро пред појадок.

Не се откажувајте и редовно консумирајте го ова природно средство кое ќе ви ги исчисти крвните садови и ќе ве заштити од кардиоваскулатни проблеми.