Што навистина мажите мислат за жените со кои се забавуваат? Иако многумина дами размислуваат и ја анализираат секоја постапка на спротивниот пол, една млада девојка непријатно се изненадила кога добила одговор на тоа прашање.
По социјалните мрежи се шири пораката од Reddit која ја оставила една млада девојка откако во куќата на својата симпатија открила лист хартија на која била напишана порака наменета за неа и која многу непријатно ја изненадила.
“Ми се допаѓа братот на еден мој пријател и сите ме поттикнуваа тоа да му го признам. Вчера бевме сите заедно дома кај пријателот и додека мојата симпатија беше надвор, најдов парче хартија оставена на масата. Тоа беше список – за и против… за мене.
Списокот “за” беше краток. Пишуваше дека сум ситна и дека сум “жена со која можеби би можел да има секс.” Списокот “против” беше многу подолг и ги погоди сите мои слабости.
Тука тој се исмеваше со моите заби и гласот, па ме нарече пијавица иако само еднаш излегов со него. Напишал и дека сум премногу женка и досадна, покрај некои други работи.
Напишал и дека “немам никаков план во животот”. Неодамна избегав од долга насилничка врска, се вратив дома и се борам со преживеаниот стрес. Напишал и дека наскоро би требало да размисли и да си најде некоја друга девојка.
Кога го прочитав сето ова бев психички уништена. Моите чувства кон него исчезнаа, но останав многу повредена. Ова е исклучително осетлив период за мене, бидејќи излегов од нешто страшно и буквално почнувам отпочеток со запознавање на нови момчиња.
Не можам да верувам дека некој би можел да напише нешто толку детинесто и сурово. Што би требало сега да направам?”
Корисниците на дигиталната платформа го осудија чинот на тоа момче и веднаш ја искористија можноста да ја утешат оваа млада девојка која го оставила постот под прекарот morlabo.
“Мислам дека би било забавно кога кај делот “можеби би можел да имам секс со неа”- да ставиш НЕ, благодарам и да го оставиш листот таму кај што си го нашла”, и предложи еден корисник на Reddit.
“Како маж можам да претпоставам дека пораката била намерно таму оставена за да можеш да ја најдеш. Тоа е сурово и неверојатно детинесто. Сигурен сум дека типот е несреќен со својот живот, бидејќи никој кој е среќен и задоволен не може да направи вакво нешто.
Најдобриот совет кој можам да ти го дадам е да не си ја оставаш сопствената среќа во туѓи раце. Дружи се со позитивни луѓе кои се добри со тебе. Ти испраќам позитивни вибрации, и’ вели друг корисник.
“Најверојатно за влакно си се спасила од повторување на грешката. Сметај ја таа порака за голем подарок, бидејќи би била повеќе повредена ако поминеше времето и го засакаше типот повеќе, па дури отпосле да му го откриеше неговото вистинско лице. Биди среќна што не заврши со него” – ја советува трет корисник.
Што вие би и’ порачале на оваа девојка?