Рецепт и видео на “Совршено Прибежиште” (The Perfect refuge) – Брзи оброци за 5 минути.
Количините се доволни за три лица, па според потребите зголемете ги количините. Ова се многу вкусни и хранливи јадења одлични за појадок или вечера, а кои се приготвуваат за многу кратко време.
Потребни состојки (рецепт 1):
2 јајца
6 домати (да не се водлести)
1 чаша млеко
1 чаша брашно
3 лажици маслиново масло
½ лажичка сол
Постапка:
Доматите измијте ги, исцедете ги и исечете ги на тркалца. Во длабок сад изматете две јајца со една чаша млеко, 3 лажици масло, 1 чаша брашно и половина лажичка сол. Убаво промешајте за да се соединат состојките и да добиете хомогена смеса, слична на онаа за палачинки.
Тавата намастете ја, па во неа запржете ги сечените парчиња домати од двете страни по неколку минути. Одозгора прелијте ги со една кутлача од приготвената смеса и поклопете со капак. Вака печете околу 5 минути и нема потреба од превртување. Постапката повторете ја со остатокот од смесата (уште две порции).
Потребни состојки (рецепт 2):
6 јајца
5 домати
сол по вкус
Постапка:
Доматите убаво измијте ги, исцедете ги, па исечете ги на поситни парчиња (отстранете им го тврдиот дел). Јајата во посебен сад изматете ги со виљушка. Во тава на малку масло запржете ги јајцата како кајгана и преврете ги на едната половина од тавата. На другата половина запржете ги доматите и посолете ги по вкус.
После две минути, промешајте ги заедно, поклопете со капак и оставете да се динстаат уште една минута. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: