Строгиот режим на исхрана со намален внес на калории, како што е 5:2 (пет дена вообичаена исхрана а 2 дена пост), може да му помогне на организмот да се одбрани од лошите болести, вкучително и ракот, дијабетесот и Алцхајмеровата болест, укажува новото истражување.
Студијата покажала дека вообичаениот режим на исхрана, три оброци дневно, плус ужина, всушност е ненормално во рамките на човековата еволуција и е во спротивност со природниот биоритам на организмот.
Режимот на исхрана кој се нарекува 5:2, а подразбира вообичаена исхрана од пет дена, па дводневен пост, односно, внес на 500 калории дневно, одговара на начинот на исхрана каков што го практикувале нашите древни предци, ловци собирачи, кои ретко или никогаш не се разболувале од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Научната студија е објавена во PNAS, билтенот на Националната академија за наука во САД.
Постот, односно радикално намалениот внес на калории, може да му помогне на организмот да ги намали маснотиите во крвта и да ги обнови клетките, и на тој начин да го успори процесот на стареење.
Исто така, може да ги намали туморите и да ги сочува невроните од оштетување кои предизвикуваат невродегенеративни пореметувања како што се Алцхајмерова и Паркинсова болест.
Во студијата се истакнува дека пореметувањата во природниот биоритам, или внатрешниот часовник, ги тера луѓето и домашните животни да јадат повеќе, со што стануваат подложни на дебелина, на дијабетес и слични болести.