Во видео прилогот кој можете да го погледнете после пишаниот рецепт се користат три состојки: брашно, прашок за крем и масло.
Истиот рецепт може да се приготви и од следните состојки: 125 г путер, 50 г шеќер во прав, 50 г пудинг во прав, 2 ванилин шеќер и 125 г брашно. Замесеното тесто се остава во фрижидер половина час, а потоа колачињата се печат на 180 степени околу 5-7 минути.
Потребни состојки:
2 ½ чаши брашно
1 пакување шлаг крем или 110 г шеќер во прав
1 чаша масло
1 чоколадо за декорација
шеќер во прав за наросување
Постапка:
Во подлабок сад ставете 2,5 чаши брашно и додадете прав од засладен крем шлаг. Доколку немате таков избор, може да додадете околу 100 г шеќер во прав или да измешате прав од пудинг со вкус по ваш избор и шеќер во прав во количина до 110 г.
Кога обаво ќе ги измешате прашкастите состојки додадете една чаша масло за јадење и промешајте со лажица или шпатула додека да добиете убаво мазно и ровко тесто кое лесно се облекува со рака.
Кинете мали парчиња од тестото, формирајте топчиња а потоа втиснувајте ги во цедалката или правете шари по ваш избор.
Колачите редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 10-15 минути додека малку да заруменат.
Растопете едно чоколадо во кесичка за замрзнување, направете мало дупче со игла, па шарајте ги колачињата. Или едноставно наросете ги со шеќер во прав. Деталите од постапката моете да ги погледнете во видеото:
https://youtu.be/jjKRr-pieBg