Овој рецепт го прегледале повеќе од 3 милиони луѓе за само неколку седмици и со тоа стана апсолутен хит на Интернет. Од рецептот на Питер Карвел сите се воодушевени, особено оние кои го применија и испробаа. Велат дека навистина е ефикасен и дека се чувствуваат одлично.
Коментарите на благодарност и пофалби за ефикасноста на напитокот се безбројни. Станува збор за рецепт кој тој го добил од славниот британски хомеопат, а не е ни чудо што во краток временски период го прегледале повеќе од 3 милиони луѓе, а еве и зошто.
Имено, доколку не сте некој љубител на зеленчукот, природните сокови се одличен начин во своето тело да внесете хранливи материи. Па, доколку ги искомбинирате вистинските намирници, ќе добиете моќен напиток кој ги топи масните наслаги од стомакот и го чисти организмот од наталожените токсини.
Затоа, побрзајте и набавете си потребните намирници за да си го направите овој чудотворен напиток. Потребни состојки: 1 голема главица цвекло, 2-3 свежи моркови, 4-5 стапчиња целер, 1 рака свеж спанаќ, 1 јаболко, 1 свежа краставица, 2 ротквици, 1 корен свеж корен од ѓумбир (должина 1,5 см) и 1 лимон
Постапка: Исчистениот зеленчук и јаболкото исцедете ги во соковник и испијте го веднаш сокот. Најдобро е да се консумира наутро, а од сите намирници ќе добиете околу половина литар сок.
Оние кои го пробале овој напиток велат дека е толку хранлив, што може да замени мултивитаминска таблета, па дури и појадок. После пиењето на сокот не јадете ништо околу еден час.