Грозјето е вкусно и здраво овошје кое е богато со бројни витамини и минерали. Лушпите од бобинките на грозјето содржат голема количина диетални влакна кои на природен начин ја поттикнуваат дигестијата и чистењето на цревата.
На тој начин го забрзуваат отстранувањето на штетните материи од телото, вишокот килограми и здравото слабеење.
Во лушпите и семките од грозјето се наоѓаат феноли кои имаат антисептичко и антиоксидативно дејство.
Бобинките на грозјето се многу лековити, го јакнат срцето, коските и зглобовите, делуваат смирувачки на нервниот систем и ја подобруваат работата на бубрезите, а црниот дроб го прочистуваат.
Дознајте како да ги искористите овие бројни лековити својства на бобинките и да го унапредите своетот здравје во еднодневниот пост со грозје.
Потребни состојки: 2 кг грозје
Грозјето убаво измијте го под млаз ладна вода, а потоа оставете го во сад со вода и одозгора наросете го со малку сода бикарбона. Оставете го да кисне половина час, а потоа уште еднаш убаво исплакнете го.
Употреба: грозјето распоредете го во 5 порции кои ќе ги изедете во текот на денот. Големината на порциите распоредете ги според главните оброци, односно три поголеми и две помали. Оброците треба да бидат на соодветно временско растојание.
Бобинките добро соџвакувајте ги, а помеѓу оброците пијте достав вода или билни чаеви без додаток од шеќер. Грозјето содржи овошен шеќер кој ќе ви даде доволно енергија за преку целиот ден.
Ова е еднодневна детоксикациска диета која има за цел да го исфрли целиот отпад од вашите црева, а притоа да не ја изгубите вашата умствена и физичка сила.