Позната оринетална слатка за сите љубители на шербетните колачи – како баклава без кори или како напредната верзија на арапскиот колач од бајките.

“Овој рецепт го најдов одамна на нет, но првпат го приготвувам со некои мали промени и морам да признам дека сум воодушевена! – Скопјанка.

Потребни состојки:

2 јајца
4 шолјички (за кафе) масло
6 шолјички млеко
3 шолјички гриз
5 шолјички брашно
1 прашок за печиво
1 ваилин шеќер
100 г мелени ореви
100 г суво грозје

За шербет:

900-1000 г шеќер
1000 мл вода
лимон (сок или сечени тркалца)
и уште: 100 г ореви за наросување одозгора

Постапка:

Јајцата добро изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат, додадете го шеќерот и матете додека да се растопи, па додадете масло, млеко и сите останати состојки.

Добро соединетата смеса излејте ја во намастен плех 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час.

Шербетот се вари околу 15-30 минути на тивко-умерен оган, а пред крајот му се додава сок од лимон или лимон исечен на тркалца.

Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел, одозгора богато наросете го со ореви и оставете добро да излади 24 часа, па дури тогаш послужете го.

Најдобро е да се чува во фрижидер, кога колачот е добро изладен има супер вкус. Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека има премногу шербет, но колачот сè впива и треба да биде доста сочен. Се мери со шолја за кафе.

Coolinarika.com