Фотографија и рецепт на Драгана Ѓорѓевич
Потребни состојки: домати по избор, сол, оригано, босилек, зачини по вкус, кромид, ловоров лист, црн пипер во зрно, лути суви пиперчиња, маслиново/обично масло за прелевање
Постапка: за сушење најдобар е доматот од старата сорта Рома или “шљивар”. Тој е помал по величина, но затоа е меснат и содржи помалку вода и семе. Секако, може да се суши било кој домат од најмалите шери до оние најкрупните. Важно е само да се извадат семките и да се исечат на потенки парчиња.
Се редат на плех обложен со хартија за печење. Се посолуваат малку и се наросуваат со оригано или некои зачински билки по ваш вкус.
Ако временските услови го дозволуваат тоа, тогаш сушете ги на сонце. Може да се сушат и во рерна на 50 степени 8 часови. Важно е да внимавате да не се пресушат, туку да останат меки парчињата, а не крути. Кога ќе се излади сушениот домат редете го во помали теглички.
Јас ставам кромид крупно сечен, оригано, босилек, неколку листови ловор, суво луто пиперче, малку ким и по неколку зрна црн пипер во зрно.
За полевање користам половина маслиново со половина обично масло, но може да се користи и цело маслиново масло.
Тегличките ги чувам во фрижидер, нема никаква хемија, па за секој случај да не се расипе содржината, не знам колку му е рокот доколку се чува на собна температура. Ако го преливате само со маслиново масло и го чувате во фрижидер, може да се случи маслото да згусне, па затоа јас го мешам 50:50.
Се послужува со секакви јадења и во салата, а најубаво се сложува со парче зрело, солено овчо сирење. Уживајте во овој специјалитет.
Фотографија и рецепт на Драгана Ѓорѓевич