Home Рецепти Брза пита со сирење и готови кори – за 5 минути е...

Брза пита со сирење и готови кори – за 5 минути е готова, толку едноставно а многу вкусно

Рецепт и видео презентација на Том Филос. Речиси и да нема човек кој не ја сака добрата и вкусна гибаница. Пробајте го овој рецепт на Том Филос со кој питата се приготвува за само 5 минути. Понекогаш се случува да купите кори, а кога ќе ги отворите тие да бидат веќе искршени. Искористете ги за овој рецепт. Толку едноставно, а толку вкусно.

Потребни состојки: 500 г дробено сирење, 2 јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г кисела павлака, 200 мл газирана вода и 300 г готови кори

Постапка: Во поголем сад ставете го претходно издробеното сирење. Додадете две јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г (една чаша) кисела павлака и 200 мл газирана вода.

Промешајте ја смесата за убаво да се изедначат состојките. Во добиената смеса искршете 300 г готови кори. Корите кинете ги со раце. Промешајте убаво да се натопат корите и да дојде до изедначување на состојките.

Плех со средна величина (25х18 см) намастете го со путер, па излејте ја во него приготвената смеса.

<

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути, додека одозгора да фати убава коричка.

Печената гибаница оставете ја малку да подизлади, а потоа сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко, а убава е и така. Деталите со постапката од приготвувањето можете да ги погледнете во видеото: