Доколку сте љубител на тиквичките, испробајте го овој нов рецепт. Вегетаријанските плескавици нема да ве остават рамнодушни.

Едноставно се приготвуваат и не се пржат во длабоко масло. Единствено време што ќе ви е одземе е миењето и рендањето на зеленчукот.

Потребни состојки:

1 мала тиквичка
1 поголем морков
1 поголема пиперка
4 чешниња лук
1 китка магдонос
2 јајца
2 лажици презла
2 лажици брашно
сол, масло

Постапка:

Тиквичката убаво измијте ја, излупете ја и изрендајте ја. Мокковот исто така измијте го, исчистете го и изрендајте го на ситниот дел од рендето.

Пиперката сечкајте ја на ситни коцкички. Промешајте го иситнетиот зеленчук и посолете го по вкус. Оставете 10 минути за да се ослободат соковите и да се поврзат вкусовите. Потоа исцедете добро со раце.

Во исцедениот зеленчук додадете истолчено/изгмечено лукче, јајца, брашно, презла и ситно сечкан магдонос.

Убаво промешајте за да се соединат и изедначат состојките. Плехот обложете со хартија за печење и премачкјате го со малку масло. Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени.

Со навлажнети или намастени раце правете ги плескавиците и редете ги во плехот. Печете на 190 степени околу 40 минути, додека убаво да заруменат.

На половина од печењето плескавиците од тиквички премачкајте ги со масло и вратете ги во рерна. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: