Рецептот е оригинален и состојките се прецизни. Може да ги приготвите со млеко, но може да ги направите и во посна варијанта, доколку користите посни намирници. Од замесеното тесто се приготвуваат кифли кои се печат за само 15 минути.

Потребни состојки: 1 кг брашно, 200 г путер (за посни – маргарин), 500 мл масло, 200 мл кисела павлака (за посни – растителна), 500 мл млако млеко (за посни растително млеко или вода), 3 лажици шеќер, 1 лажица сол и 50 г свеж квасец

За премачкување: 1 јајце, ½ лажичка сол, малку растопен путер (или масло), уште малку путер за премачкување на плехот, ако правите посни кифли премачкјате ги со посен мајонез, маргарин или вода.

Постапка: во половина од млекото растопете го квасецот, додадете една лажичка шеќер и една лажичка брашно. Промешајте, покријте и оставете на топло да се активира околу 15-тина минути.

Во просеано брашно додадете млеко со квасец, растопен путер и останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Прекријте со кујнска крпа и оставете да стасува 30 минути.

Обликувајте 26 кифли на малку набрашнета работна површина, а потоа една по една развлекувајте ги во елипса, малку развлечете со прстите, па свиткајте во кифла.

Кифлите можете да ги приготвувате и во друг облик ако сакате, тестото е убаво за работа. Редете ги во плех премачкан со путер/маргарин.

Оставете ги да стасуваат 10-15 минути додека да се загрее рерната на 200 степени. Секоја кифла премачкајте ја со изматено јајце на кое сте додаде малку сол, па одозгора наросете сусам.

Печете ги околу 15 минути или додека да заруменат. Штом ќе ги извадите од рерна, секоја кифла премачкјате ја со малку растопен путер…

Coolinarika.com