Сите сакаат добра шампита која идеално оди со добро домашно кафе и чаша минерална вода.

Потребни состојки за кора:

5 жолчки

5 лажици шеќер

5 лажици млеко

5 лажици брашно

5 лажици масло

1-2 лажица какао

1 мала лажичка прашок за печиво

За фил:

5 белки

2 лажици шеќер

За шербет:

15 лажици шеќер

10 лажица вода

Постапка:

1.За кора пенасто изматете 5 жолчки, додадете 5 лажици шеќер и 5 лажици млеко, па добро соединете со миксер. Потоа додадете 5 лажици брашно, 5 лажици масло, 2 лажици какао и прашок за печиво.

2.Матете се додека да се соединат состојките во мазна смеса, па излејте во калап за торта и испечете.

3.За шлаг изматете белки во цврст шам, па постепено додавајте шеќер, со непрекинато мешање со миксер.

4.За агда проварете вода со шеќер, па додека е врела постепено додавјте во шамот од белки, исто така постојано матејќи.

5.Филот излејте врз кората, израмнете и оставете целосно да излади.