Време е да се подготвиме за зимниците и да си ги запишеме најдобрите рецепти. Ова е еден од најдобрите рецепти за кисела пиперка кој се приготвува за само 10 минути.

Потребни состојки:

10 кг пиперки
400 г шеќер
250 г сол
1 винобран
1 литар оцет (Киско)

Постапка:

Пиперките измијте ги, исчистете ги од семки и петелки, па исечете ги на осмини (или онака како што вие сакате да ги видите во вашата чинија).

Во посебен сад измешајте ги шеќерот, солта и винобранот. Пиперките наредете ги во еден поголем пластичен сад.

Рамномерно наросувајте од мешавината со шеќер, сол и винобран. Одозгора прелијте со оцетот и темелно промешајте со раце, користејќи ги двете раца.

Во текот на 24 часа 4-5 пати темелно промешајте ја содржината, па следниот ден полнете ги теглите. Одозгора прелијте ја течноста што ја испуштиле пиперките (течноста на дното од пластичниот сад).

Додадете пластичен или потиснувач од дрвца, за да бидат пиперките под течноста. Добро затворете ги теглите. На ваквите тегли не ви се потребни налепници, бидејќи гаранирано сè се изедува и ништо не останува. Рецептот е одличен бидејќи нема никакво готвење ниту подварување.

Coolinarika.com