Само што влезе уште од врата рече: ”Мммм што убаво мириса, имаме школки за ручек?” За момент морав да го разочарам и да му кажам дека тоа е само обична птица зачинета со босилек, но разочарувањето веднаш исчезна после првиот залак!

Потребни состојки:

500 г пилешко филе
масло за пржење (какво користите)
250 мл јогурт
босилек

За маринада:

2 лажици масло (какво сакате)
1 лажица црвен пипер во прав
1 мала главица црвен кромид
2 чешниња лук
сол, црн пипер

Постапка:

Со рачен миксер (или во блендер) направете маринада од масло, црвен зачински пипер во прав, кромид и лук.

Пилешкото добро натопете го во приготвената смеса, па убаво запржете го во малку загреано масло. Ставете одозгора уште малку од маринадата ако ви остане и оставете добро да се запече од двете страни.

Пред крај на пржењето, месото полијте го со јогурт во кој сте ставиле ситно сечкан босилек во количина по ваша желба.

Оставете да си крчка уште малку до посакуваната густина, па послужете топло со гарнир по ваша желба.

Coolinarika.com