Рецепт и видео презентација: Бригита Хусиќ
Ова е една од повеќето варијанти за колач од пудинг и кекси, но овој рецепт се разликува од другите по тоа што воопшто не се забележува дека кремот е всушност пудинг.
Потребни состојки:
600 мл вода/млеко
4 полни лажици шеќер
2 кесички (од 37 г) пудинг од кокос или ванила или некој овошјен
120 г путер
100 г маскарпоне или друго кремасто, несолено сирење
100 г кекси за кора
110 г кекси за фил
30 г кекси мелени за наросување одозгора
Постапка:
Во едно тенџере ставете 600 мл вода (а кој сака може да стави млеко наместо вода). Додадете четири лажици шеќер и две кесички прашок за пудинг.
Промешајте убаво со жица за матење додека да се изедначи, да нема грутчиња. Може да користите било каков пудинг со светла боја, по ваш вкус, да не е чоколаден, поради визуелниот изглед на колачот (кексите се темни, со какао).
Смесата ставете ја на оган, на умерена температура и постојано мешајте додека да згусне. Кога ќе се свари, во врелиот пудинг ставете 120 г путер исечкан на ленти. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот. Кремот оставете го на страна да излади.
Калап со димензии 22х15 см обложете го со хартија. Бисквитите натопувајте ги во вода/млеко/сок (по вкус) и редете ги во два реда на дното на плехот (бисквити се потребни околу 100 г, тоа зависи од величината на калапот кој ќе го користите).
Во изладениот крем додадете крем сирење и убаво измешајте за да се изедначи. Потоа додадете кршени бисквити и уште еднаш промешајте со лажица.
Филот рамномерно распоредете го врз кората од бисквити и израмнете. Одозгора може да наросите мелени/сечкани кекси или чоколадна глазура. Колачот изладете го добро пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: