Се матат јајцата и се додаваат другите состојки. Целата смеса се излева во намастен калап и колачот се пече во загреана рерна. Постапката заедно со печењето е некаде околу еден час. Брзо, едноставно и вкусно.
Потребни состојки: 4 јајца 15 лажици брашно (2 ½ чаши од 250 мл), 2 прашок за печиво, 125 мл млака вода заедно со неколку капки екстракт од ванила, 125 мл масло, 1 чаша (од 250 мл) шеќер, 100-150 г +- боровинки или вишни или овошје по желба, шеќер во прав за наросување одозгора, кора од лимон, путер за намастување на калапот. Колачот се пече на 190 степени околу 50 минути
Постапка: Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени, бидејќи постапката е брза и кратко време се приготвува.
Пенасто изматете четири јајца на собна температура додека да згуснат и побелат, па постепено додавајте го шеќерот додека убаво да се измати и шеќерот да се растопи.
Во изматените јајца додадете масло, млака вода, екстракт од ванила и кора од лимон. Изматете кратко за да се соедини. Потоа додадете го брашното и две кесички прашок за печиво.
Намалете ја брзината на миксерот и продолжете да матите додека да се добие изедначена густа смеса. Додадете го овошјето и промешајте со лажица. Смесата излејте ја рамномерно во добро намастениот калап и одозгора наросете уште малку овошје.
Ставете да се пече колачот во загреана рерна на 190 степени, 50 минути. Оставете целосно да се излади, а потоа превртете го врз чинија за послужување и одозгора наросете го со шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: