За да изгледа вашата коса здраво, важно е да се придржувате до некои правила.
Кога косата ќе испука на врвовите, тогаш добива изглед на запуштеност и единствен спас ви е посета на фризер.
За да успеете и после посетата на фризер подолго да ја одржите косата здрава, убава и да ги одбегнете расцветаните врвови, потребно е да следите неколку правила.
ПОСЛЕ МИЕЊЕ…
Отстранете го вишокот вода со цедење на косата и одбегнувајте триење со пешкир (само нежно истапкајте ја).
Исчешлајте ја косата започнувајќи од врвовите, од надворешните делови, па полека, постепено одете нагоре кон темето, за да не ви се „замрси“.
Ако косата сепак ви е многу заплеткана, пред чешлање нанесете малку регенератор кој не треба да се плакне.
Користете четка од природни влакна. Можеби ваквата четка е малку поскапа, но верувајте се исплати.
Ако користите фен за коса или фигаро/пегла за обликување, на косата нанесете препарат за заштита од топлина – тој ќе создаде заштитен слој околу влакната.
НИКАКО НЕМОЈТЕ…
Не ја врзувајте косата во коњско репче кога е влажна, бидејќи тоа предизвикува пукање на влакната од косата.
Одбегнувајте да ја сушите со фен секој ден и секогаш кога сте во можност оставете ја да се исуши по природен пат. Кога е топло и сончево тоа не би требало да биде проблем…
ЗАДОЛЖИТЕЛНО…
Редовно поткаструвајте ги врвовите (дури и ако се работи за само неколку милиметри) на секои шест до осум седмици.
Тоа е на крајот од краиштата, сепак, неизбежно. Препаратите за обликување и завршна фризура користете ги во мали количини.
ОДБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ЧЕТКА…
За расчешлување на замрсената коса користете полукружна шетка со гумени запци.
Сушете ја косата со помош на полукружна четка со прореди во базата (овозможува рамномерна циркулација на топлиот воздух).
За сјај на рамна коса користете четка со природни влакна, бидејќи таа најдобро ги дистрибуира природните масла. За успешно сушење користете поголема, кружна четка.