При изготвувањето на вакцината против корона вирусот научниците се послужиле со информации кои се добиени при развојот на серумот против ебола, а користена е истата технологија – изјавил директорот на Националниот истражувачки центар “Гамалеј” Александар Гинцбург.
-Станува збор за иста технологија, иста технолошка платформа. Врз еболата за првпат е тестирана ефикасноста на технологијата за векторско воведување на генот во човекови клетки за правење на вакцина – изјавил тој.
Како што објаснува, таа технологија е направена за воведување на гени во човековиот организам со друга цел – со цел лекување на болестите со помош на генска терапија.
Меѓутоа, истата технологија сега успешно се користи за правење на вакцини.
Според неговите зборови, станува збор за технологија која може прецизно, до еден нуклеотид, до една аминокиселина, да ја одреди дозата која треба да се инјектира во организмот за да се произведе одреден тип на имунолошки одговор.
Гинцбург истакнал дека со помош на таа технологија е пресметано каде ќе се синтетизира антигенот на ковид 19, и како ќе се транпортира.
Покрај тоа, тој изјавил дека вакцината воопшто нема да влијае врз здравствената состојба на човекот.
Да потсетиме, Русија на 11.август беше првата земја во светот која ја регистрираше вакцината против корона вирусот.
Вакцината ја направија во центраот “Гамалеј” и Министерството за одбрана на Русија. за повеќе, погледнете го видеото: