Оваа приказна си го најде својот пат на Интернет и се шири по социјалните мрежи со неверојатна брзина. Напишана е од перспектива на момче кое е во инвалидска количка и на кое мечтае по татка си.
А потоа се појавил некоја пред неговата врата и направил нешто неверојатно. Ова е целата приказна:
“Се наоѓав некаде јужно, на крајот од едно мало гратче, обидувајќи се да стигнам на својата дестинација пред да зајде сонцето. Старата радио станица беше наместена на каналот 1-9 кога одеднаш на линијата случнав детски глас.
Рече, “Брејкер 1-9, има ли некој? Ајде камионџии, разговарајте со Теди Бер”. Го вклучив микрофонот и реков, “Тука сум Теди Бер.” Гласот на момчето се врати во етерот.
Детето тогаш рече: “Мислам дека не би смееле да ве вознемирувам, Мам ми вели дека сте зафатени и дека не треба да ја вклучувам радио-станицата. Но, видете, многу често сум осамен и многу ми помага кога разговарам со некој, затоа што единствено тоа можам да го правам, јас сум инвалид и не можам да одам.”
Му реков дека со мене може да разговара колку што сака.
“Ова беше станицата на татко ми”, рече момчето. Ама сега мислам дека е моја и на мама, затоа што тато умре. Тато имаше несреќа пред еден месец, се обидуваше да се врати дома по страшно невреме и снег.
Мама сега мора многу да работи за да заработи пари. А јас не можам да и помогнам бидејќи сум инвалид. Таа ми вели да не се грижам, дека сè ќе биде во ред, ама ја слушам како плаче навечер.
Знаете, постои една работа која би ја сакал повеќе од сè. Знам дека вие момците сте зафатени и дека не би го трошеле времето со мене, ама татко ми некогаш ме водеше со себеси за да ме повози кога беше дома. Ама сега на тоа му дојде крај, откога него го нема.”
Не беше приклучен само еден камионџија на радио станицата. Додека ова момче разговараше со мене, се обидував да ја голтнам “кнедлата” која едноставно не сакаше да оди додека мислев за моето мало синче дома.
“Тато требаше да нè земе мене и мама со него подоцна оваа година. Се сеќавам како ми зборуваше дека “еден ден овој камион ќе биде твој, Теди Бер.” Но, сега знам дека никогаш нема да се возам на 18-ка. Ама па оваа радио станица ми дава барем можност да одржувам контакт со пријателите камионџии. Теди Бер сега ќе се повлече и ќе ве оставам на раат, зошто време е мајка ми да се врати дома, ама јавете ми се кога ќе поминувате и јас со задоволство ќе ви вратам.”
Се вклучив повторно и го прашав на која адреса живее. Ми ја даде и јас не се двоумев ниту за миг. Товарот кој го носев едноставно мораше да почека.
Го свртев камионот и се упатив право во Џексон улицата на број 229. И додека вртев зад аголот се шокирав. Неколку 18-ки камиони беа упатени на истата адреса. Верувам дека сите камиони кои беа во околината ја слушнале приказната.
Ова мало момче дошивеа вистинско изненадување. Го зедовме во камион, го повозевме и го вративме во неговата количка. Не знам дали некогаш ќе доживеам толкава среќа на нечие лице. Секој возач поединечно се поздрави со него, пред да се врати мајка му дома. Ми ја подаде раката и ми рече: “Довидување камионџијо, се гледаме повторно.” Заплакав.
Го вклучив повторно радиото и имаше уште едно изненадување. Повторно неговата радио станица, ама сега тоа беше женски глас.
“Сакаме на сите да ви упатиме посебна молитва, бидејќи на мојот син му го остваривте сонот. Сега се одјавувам, пред да почнам да плачам. Довидување.”