Рецепт за многу вкусен колач со кокос и гриз. Сите потребни намирници се евтини, па сигурно често ќе го приготвувате. Од другите колачи со кокос се разликува по начинот на приготвувањето, а секако и по текстурата и вкусот, а за да го направите севкупно ќе ви бидат потребни 45 минути.

Потребни состојки за крем: 1 литар млеко, 140 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 140 г гриз, 200 г кокосово брашно. За бисквит: 2 јајца, 100 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 200 г брашно, 1 прашок за печиво, 20 г какао, 200 мл млеко, 100 мл масло. За украсување: кокосово брашно

Постапка: прво се приготвува кремот: Измешајте го гризот со шеќерот и ванилин шеќерот. Додајте 20 лажици млеко, а остатокот ставете го оган. Промешајте убаво да нема грутчиња, па смесата додајте ја во зовриеното млеко со постојано мешање додека да згусне.

Смесата ќе биде поретка, но така треба да биде. Во неа додајте кокос и убаво промешајте, па оставете да излади. За бисквит: одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег, па додајте шеќер и ванилин шеќер.

Матете додека да се растопат во снегот. Потоа постепено додајте ги жолчките и матете до изедначување. Додајте млеко и масло, па кратко промешајте. Во еден сад измешајте брашно, прашок за печиво и какао. Дел од сувите состојки додајте ги во смесата и полека измиксајте, а потоа додајте го остатокот и добро измиксајте за да се изедначи.

Плех со приближни димензии на 33х19 см намастете го и наросете го со какао. Излејте половина од смесата и додадете уште две лажици од смесата за да биде долната кора малку подебела. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 5 минути, додека да се формира коричка.

Извадете го плехот од рерната, па излејте го кремот кој сега е доста густ и рамномерно распоредете го. Преку кремот излејте ја втората половина од смесата за бисквит, па вратете во рерна да се пече уште 20 минути на 180 степени. Потоа проверете со чепкалка.

Кога колачот е добро печен извадете го од рерна, изладете го 10-тина минути, па наросете го со кокосово брашно. Пред сечење и послужување колачот добро изладете го. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.