Ова е правиот, страински рецепт за кох, кој многу е едноставен и лесен за приготвување. Одличен за разладување во јуни.
Потребни состојки:
3 цели јајца
5 лажици шеќер (100 г)
4 лажици гриз (55 г)
2 лажици брашно (30-35 г)
1 ванилин шеќер (10 г)
600 мл млеко
Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одвојте ги белките, па пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот и ванилата. Во цврстиот снег од белки додавајте ги жолчките една по една со постојано матење.
На крај додадете ги гризот и брашното, па промешајте со жица, лажица или шпатула. Помал плех или керамички сад намастете го со масло и малку набрашнете, па во него излејте ја смесата и израмнете. Ставете да се пече и веднаш намалете на 180 степени.
Печете помеѓу 30 и 35 минути, а ако печете во поголем сад, тогаш колачот ќе ви биде потенок, па треба пократко да печете.
Додека се пече колачот загрејте го млекото да биде млако. По вкус можете да му додадете уште шеќер ако сакате кохот да ви биде посладок.
Врелиот колач прелијте го со млекото и оставете да го да се излади на собна температура, а потоа добро изладете го во фрижидер. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: