Раскошниот домашен колач ги надмина сите досегашни познати слатки со банани, па не е ни чудо што ги освои сите што го пробаа, едноставно е неодолив.

Coolinarika.com

Потребни состојки: 9 јајца, 9 лажици шеќер, 9 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно, ½ кесичка прашок за печиво. За фил: 1 литар млеко, 2 пудинг со вкус на ванила, 4 лажици брашно (полни), 2 кесички ванилин шеќер, 250 г путер, 2 лажици шеќер во прав

За чоколадна глазура: 120 г чоколадо за готвење, 80 г путер, 8 лажици слатка павлака. И уште: 6 банани, 400 мл слатка павлака, 1 лимон – сок

Постапка: Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег, додадете шеќер и матете додека тој да се растопи. Потоа додавајте ги една по една жолчките и матете со миксерот додека да добиете густа смеса.

Во друг сад измешајте ги сувите состојки: оревите, брашното и прашокот за печиво, па полека додавајте во смесата од јајца, внимавајќи да остане пенлива.

Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех од рерна и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка, а печената кора оставете ја да излади, па потоа пресечете ја на два дела.

За фил: измешајте го брашното, пудингот и ванилин шеќерот со малку млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете шеќер по желба, па кога ќе зоврие додадете го пудингот.

Мешајте постојано додека да згусне, а потоа тргнете го на страна за да излади, со повремено промешување за да не фати коричка. Изматете го пенасто путерот со шечерот во прав, па постепено додавајте го пудингот на собна температура.

Редење: врз чинија за сервирање ставете ја едната кора, прелијте со половина од филот, па ставете ја втората кора и остатокот од филот. Излупете ги бананите, расечете ги по должина на половина и испрскајте ги со лимонов сок. Наредете ги врз филот и прелијте со глазура.

Долниот дел од колачот можете претходно да го завиткате со фолија за да не ви претекува глазурата, но бананите треба добро да бидат прелиени за да не поцрнат.

Namirnice.ba