Фото и рецепт: Душица Дука

Потребни состојки:

200 мл јогурт на собна темпартура
200 мл газирана вода
100 мл масло
1 јајце + белка
1 жолчка за премачкување
1 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
600-700 г брашно (по потреба)
100 г путер/маргарин за премачкување

Постапка:

Во малку млака вода растворете го квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно, па оставете го 10-тина минути да се активира.

Јогуртот и минералната вода треба да бидат млаки или на собна температура. Додадете го маслото и активираниот квасец, па постепено додавајте брашно и едно лажиче сол. Замесете средно меко тесто кое не се лепи и оставете го да стаса.

Потоа тестото поделете го на четири еднакви делови, а од секој дел формирајте топче. Секое развлечете го во кора и премачкајте го врз целата површина со растопен путер.

Редете ги корите една врз друга, па префрлете ги во тепсијата каде ќе се пече погачата. Развлечете ја со малку со рацете и избоцкајте ја со виљушка.

Одозгора премачкајте со путер и со жолчка, по желба наросете со сусам или семки. Оставете да стаса, а потоа ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 – 25 минути или според вашата рерна.

Фото и рецепт: Душица Дука