Ме прашува тато: “Што ти изгорел колачот?”, “Не ми изгоре тато!”, “Па целиот е црн”, “Па, мора така…”, “Бре, не сум видел во животов мој таков колач кој е “намерно” а да не е изгорен…” – ова е накратко анегдотата која го следи овој популарен колач.

Овој чискеј се пече на таков начин што изгледа како да изгорел, но е изгорен, туку добива предобра текстура и божествен вкус. Ако веќе не сте го испробале, време е и него да го искусите…

Овој колач е направен случајно во барот La Vina, Шпанија, кога ученикот по грешка колачот го ставил да се пече во погрешна печка, па целиот колач потемнел како да е изгорен, а внатре останал кремаст. Потоа го послужиле во барот а гостите биле воодушевени. Во Истамбул е вистинска сензација, а луѓето земаат бројче и чекаат во ред за да го добијат.

Ви го претставуваме Сан себастијан чискејкот приготвен во две верзии за кои има и две видеа.

Фото и рецепт: Мери Матијашевиќ-Божиќ

За приготвување на овој колач јас користев миксер, но можеби подобро е да не се користи, бидејќи состојките треба само да се соединат, а не да се матат. Така што, ниту миксер не ви е потребен, туку само добра волја и желба за нешто слатко.

Потребни состојки:

1 кг крем сирење за колачи
500 мл слатка павлака
6 јајца (L)
350 г шеќер
½ лимонов сок
50 г густин
40 г ванилин шеќер (3 лажици паста од ванила)

Постапка:

1.Загрејте ја рерната на 200 степени (горни и долни греачи) или 240 степени со врел воздух (со вентилатор).

2.Дното и рабовите од калап 26 см обложете ги со хартија за печење.

3.Во еден сад ставете го крем сирењето и шеќерот па кратко промешајте ги.

4.Потоа просејте густин и повторно кратко промешајте.

5.Јајцата изматете ги со жица и додадете во смесата од сирење, па повторно накратко промешајте.

6.Потоа додадете паста од ванила, слатка павлака и лимонов сок, па повторно кратко соединете.

7.Смесата излејте ја во калапот, протресете го за да излезе од него воздухот.

8.Ставете да се пече во загреана рерна: Ако колачот го печете на 200 степени – околу 60-65 минути, а доколку го печете на 240 степени со врел воздух, тогаш се пече пократко околу 25-30 минути.

9.Важно е колачот да биде темен и да изгледа како речиси да изгорел.

10.веднаш после печењето извадете го од рерна и оставете го да се излади на собна температура. Потоа најдобро е да преноќи во фрижидер.

11.Колачот ослободете го од обрач и спремен е за сервирање.

Потребни состојки:

500 г крем сирење
150 мл слатка павлака
75 г шеќер
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 лажица брашно
200 г млечно чоколадо

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: