Нашите предци имале големо искуство со лечење на различни болести со помош на народната медицина.
Сите тие рецепти се пренесувале од колено на колено низ генерациите, па еве сега и ние имаме можност да испробаме некои од рецептите.
Сакаме да ви предложиме уште еден народен и мошне ефикасен рецепт за лечење ангина и воспалено грло, кој гарантире брз опоравок, во полесните случаи дури за 4 часа!
– 80г сомелени семки од ким, се преливаат со 200мл вода и се варат 15 минути.
– Ке добиете густа растеглива маса, која личи на талог од кафе.
– Процедете и додајте уште 50 мл вода, па повторно ставете на оган, до зовривање.
– Тргнете од оган и додадете 1 лажица жесток алкохол, коњак, виски, ракија…
Лекот е спремен!
Пијте секои 30 минути по 1 супена лажица.
Веќе после 2 часа, болката во грлото полека ќе се намалува и голтањето ќе стане полесно.
После 4 часа, може да се заврши третманот.
Во потешки случаи, може да се пие и подолго.
Овој напиток се препорачува на оние, кои имаат чести проблеми со настинки, воспалено грло или ангина.