Рецептов е нешто фантастично, толку едноставно а преубаво.
Потребни состојки: 16 петит кекси (или други, по важ вкус), 5-6 јаболка, 2 шолји (од 200 мл) шеќер, 2 шолји гриз, 1 ванилин шеќер, 1 лимон, 1 портокал и 1,5 литар вода. И уште: по вкус шлаг пена, крем или слатка павлака за шлаг
Постапка: Излупете ги јаболката и исечете ги на коцкички. Прелијте ги со сок од лимон и портокал. Додадете 300 мл вода и ставете на оган да зоврие. Кога јаболката ќе бидат варени, испасирајте ги во пире со рачен миксер. Не грижете се и ако има некое цело парче.
Додадете уште 1,2 литар вода, и додадете шеќер по вкус (приближно 2 шолји) и ванилин шеќер. Ставете на оган, па кога ќе проврие додадете и две шолји гриз со постојано мешање.
Кога кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го на страна. А доколку кремот не добие убава жолта боја (не мора) како сонцето, тогаш додадете малку жолта прехрамбена боја.
Потоа кремот прелијте го преку бисквитите кои сме ги наредиле на дното од подлабок плех. Оставете да излади неколку часови, а потоа сечете на коцки и декорирајте со шлаг.
Coolinarika.com