Брачни односи во посни и празнични денови
“Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и даМу се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето Edit visibilityневоздржување.” (1.Кор. 7,5)
Овде, донесуваме избор од отечките текстови, утврдувајќи го вековното учење на Црквата, дека постот кој што Црквата го пропишала се однесува и на телесните односи на сопружниците.
Секако, дека снисходењето и по тоа прашање се поставува на разгледување со духовникот во секој поединечен случај, како што е тоа случај и по прашањето на постот.
+++
Преподобни Серафим Саровски:
Ете, какви тој совети му даваше на момчето кое што стапило во брак и уште, чувајте ја чистотата, чувајте се во среда и петок и во празничните и неделните денови.
За нечување на чистотата, за нечувањето во среда и петок ,
децата на сопружниците се раѓаат мртви,
а за нечувањето во празниците и во неделата,
жените умираат на породувањето“.
(Дивеевски летопис, ст. 343)
Тоа, исто го пишувал во едно писмо и и Св. старец Амвросије Отпински:
„Болеста на жената ваша, возможно е да произлегла по ваша вина: или не сте ги почитувале празниците во сопружничките односи, или не сте ја сочувале сопружничката верност, за што и сте казнени, преку болестите на жената“. (Писма на мирјаните)
Преподобен Ефрем Сирин:
„Не се забранувајте еден на друг, освен, по договор и повремено“, заради исполнување на религиозните обврски за време на постите и молитвата.
Значи, во празничните денови, воздржувајте се, за да не ве искушува сатаната“.
Блаженоупокоениот владика Стефан Жички:
“Сопружниците треба строго да се придржуваат според обичаите и заповедите на Црквата во меѓусебните односи, чувајќи се во чистота себе си за време на празниците, во неделите, во посните денови
(среда и петок)
имајќи ги в`предвид зборовите на преподобниот Серафим и старецот Амвросиј, дека, доколку ги кршат заповедите на Црквата, ќе постанат подложни на болести, особено жените и децата.
(„Пост, исповед и причест“ ( 101-102), схи – архимандрит Петaр Денковачки, Духовен Лаг, Крагуевац 2005.)
Манастир Хиландар:
Сопружниците се должни и пред разрешувањето на нивната неплодност , строго да внимаваат и да ги чуваат правилата Црковни, кои што се за сопружниците востановени , а на име:
сопружничките постели , треба одделени една од друга да бидат, во ноќите воочи празничните и неделните денови,
воочи среда и петок, за време на сите четири поста кои Црквата ги востановила, а особено, за време на Великата Четириесетница , т.е. Великиот Пост.
Останатото време, пак, можат во чедност и во страв Божји да го употребат на сопружничкиот живот.
Зашто, Бог на човекот му даде жена, како помош за заедничкиот живот и ги благослови и им рече:
„Растете и множете се“, но, не заради похотта на сладострастието кое не знае ,ни време ни мерка во своето невоздржание.
(„ Упатства на неплодните сопружници“, Света Гора 1966.)
Схи-игумен Аврам (Рајдман):
На потребата од воздржувањето од брачните односи во деновите на Великиот пост укажува 40. член „на Намоканонот“ низ Великиот требник:“
Мирјаните е потребно да се воздржуваат од жените во текот на целиот Велики пост.
Ако, пак, некој падне со својата жена за време на Светиот пост, не треба да се причести, дури ниту за Воскресението, бидејќи го обештетил целиот пост.
Зашто, мирјаните треба да се воздржуваат од своите законски жени, како што е речено, во текот на целиот пост.“
За истото говори и 59. Глава на книгата „Крмчија“ во вториот одговор на Јован, епископ Критски:
„ За тоа дека треба да се има воздржание од своите жени во неделите и во текот на
Четириесетницата“:
Оние дури што ни вечерта, воочи Господовиот ден не сакаат да се воздржуваат од своите сопруги, за, како што апостолот рекол, да го поминуваат времето во молитва, треба да се поправат со одмерени забрани;
исто така и во текот на Светата Четириесетница, треба да бидат чисти од сопругите, повеќе , отколку во другите денови.“
Сега ќе ги погледнеме канонските прашања на неговата светост – патријархот Александриски Марко и одговорите, кои на нив ги даде познатиот Византиски толкувач на црквените правила , неговата светост, патријархот Антиохиски Теодор Валсамон.
Прашање 52:
Ако за време на четириесетдневниот пост, сопружниците не се воздржуваат, дали ќе бидат удостоени со Божествените Тајни на празникот на спасението на светот, Великата Пасха, или не?
Одоговор:
Ако сме научени да се водржуваме, дури од тоа да јадеме риба и ако не го разрешуваме лесно постот во текот на целата Света Четириесетница, како ниту во среда и петок, уште повеќе сопружниците треба да бидат принудени, да се воздржуваат од телесното спојување.
Затоа, оние сопружници, кои ја сториле оваа противзаконита работа и ја претвориле во сатанско невоздржание, спасоносното покајание кое произлегува од постот и одбегнувањето на телесните страсти, (како целата година да не им била доволна за задоволување на телесните желби), не само што не треба да бидат удостоени од Светата Божествена Причест на празникот на Великата Пасха, туку треба да се поправаат преку епитимии.“
Околу шест векови после Валсамон, за истото тоа говори добро познатиот канонист и толкувач на правила – преподобен Никодим Светогорец…
во 69. правило на Светите Апостоли ( ова правило гласи):
„Ако некој епископ или презвитер или ѓакон или чтеец или поец, не ја пости Светата Четириесетница пред Воскресението или во среда или во петок, освен заради телесна немоќ: нека биде отстранет од чинот.
Ако, пак, тоа мирјанин го прави: нека биде одлачен. “)
Преподобен Никодим пишува:
„ Ако постот во среда и петок е еднаков на постот на Четириесетницата, јасно е дека како што во текот на Четириесетницата не се склопуваат бракови по 52. правило на Ладиокискиот Собор, не треба да се склопуваат ниту во среда и петок.
Во тој случај, јасно е и тоа дека сопружниците не треба да стапуваат во телесна врска, заради светоста и почитувањето на постот, исто како што не треба да стапуваат во врска ниту во текот на Четириесетницата.
Зашто, неумесно е, од една страна да се почитуваат овие денови во однос на храната, а од друга, да се нарушуваат со телесно соединување и наслада.
Значи, во текот на овие денови треба да се пости , да се воздржува подеднакво и од храната која е забранета во текот на постот и од телесната желба…
Погледни ја исто така 1. забелешка при 13. правило на Шестиот вселенски собор и забелешката при 3. Дионисиево правило.
Погледни го и 50. Валсамонов одговор на Марко, во кој тој вели дека на сопружниците кои не се воздржувале во текот на големата Четириесетница не само што треба да им се забрани да се причестуваат, туку треба да им се одредат епитимии заради поправање.
Исто така, обрни внимание на следните зборови на Јован Златоуст („Беседа за девственоста“) кој како свидетелство го наведува спомнатото место од пророк Јоил:
“ Ако младенците, кај кои љубовната страст е на врвот, во кои цути младоста и неконтролирана желба, не треба да стапуваат во врска за време на пост и молитва, вотолку повеќе не треба да се соединуваат други брачни парови, кои не се подложуваат на такво насилство на телото“.
Во заклучок ќе го наведеме учењето на еден друг голем учител на Црквата, свети Василиј Велики, за воздржувањето од брачните односи за време на пост, а кое е согласно со свети Јован Златоуст:
“Постот укажува на мера и во брачните работи, спречавајќи ја неумереноста дури и во она што е со закон дозволено: по сагласност го одредува времето за тоа, за да пребиваме во молитва (1.Кор. 7,5).“
(“Постејќи со телото, постиме и со духот“ (309.-316.), ОЧЕВ ДОМ,Београд, 2009.)
Од понапред изложеното и преданието на нашата света Православна Црква се гледа дека сопружниците кога не се одделуваат од брачната постела во посните и празничните денови, го кршат правилото на постот кое го востановила Црквата, зашто постот не се однесува само на храната.
Значи, кога ќе кажеме – пост не се мисли само на земање посна храна, туку на пост на сите сетива, отклонување од лоши мисли, зборови и дела, и како што вели Свети Јован Златоуст:
„Нека пости не само устата твоја, туку и очите и ушите, нозете и рацете и сите делови на нашето тело“.
приредувач: Српско-руско здружение „Православно семејство“
Преведе : Мирјана Мина Даниловска