Home Рецепти Домашни тулумби, толку вкусни што не можете да престанете да ги јадете

Домашни тулумби, толку вкусни што не можете да престанете да ги јадете

Фото и рецепт: Вишња Вишња

Потребни состојки:

500 мл вода
100 мл масло
500 г брашно
5 јајца

За шербет:

800 мл вода
800 г шеќер

Постапка:

Шербет: Прво пригответе го шербетот кој треба да биде ладен, а во него да ги спуштате врелите тулумби: Водата со шеќерот варете ги 15-тина минути, а сирупот не смее да биде премногу густ. Оставете го на страна да излади.

Тулумби: Половина литар вода со 100 мл масло ставете на оган. Кога ќе зоврие малку потргнете го садот и додадете половина килограм брашно.

Малку намалете го огнот и постојано мешајте додека брашното да се соедини и почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Тестото оставете го на страна да се олади. Потоа започнете со додавање на јајцата: додавајте ги едно по едно. Окако јајцето ќе се соедини и впие во тестото, додадете го следното јајце.

Добиеното тесто ставете го во вреќа или калап за тулумби. Истискувајте ги тулумбите врз умерено загреано масло и сечете ги величина по ваша желба.

<

Пржете ги во маслото кое не смее да биде премногу врело. Откако ќе се испржат убаво од сите страни, односно ќе добијат убава златна боја, вадете ги и спуштајте ги во ладниот шербет.

Тулумбите оставете ги убаво да го впијат шербетот и послужете ги.

Фото и рецепт: Вишња Вишња