Прво одберете око, а потоа дознајте повеќе за вас. Добро размислете.
Внимателно погледнете ја оваа фотографија и размислете. Окото кое ќе го одберете ќе ви покаже што всушност се крие во вашата душа.
1.ОКО
Ако го одбравте првото око, тогаш сте отворено лице и речиси секого го пречекувате во својот живот.
Сметате дека е подобро да сте отворени и ранливи, отколку да се затворите пред светот. Не ги покажувате своите стравови и несигурност. Тука сте за секого, па дури и кога боли.
2.ОКО
Вие сте длабоко свесни и сакате да оставите вистински впечаток и да ја направите вистинската работа.
Верувате дека вашите постапки ги менуваат туѓите животи, без разлика дали се мали или големи. Не покажувате колку сте вознемирени и гледате многу јадови и неправди кои ги чувате за себе. Посветени сте на тоа да бидете најдобриот човек.
3.ОКО
Длабоко во себе, вас ве мачи се’ и сешто. Се грижете за минатото и тоа ве прогонува во сегашноста. Се обидувате да пронајдете мир и да мислите дека сето тоа е космичка шега.
Доста од сето тоа го чувате во себе бидејќи сте издржливи, но исто така, вие сте и експерт да се подигнете на нозе кога ќе ви се случи нешто лошо.
4.ОКО
Длабоко во себе вие сте филозоф и размислувате за се’ и сешто. Сакате кога работите имаат длабока смисла и често се задлабочувате во вашите мисли. Не му покажувате на светот колку сте несигурни во суштина.
На животот гледате како на една голема загатка која си игра со малите делчиња додека не се склопат во целина. Можеби не го сфаќате значењето на тоа, но за вас тоа е во ред.
5.ОКО
Длабоко во себе сте мистериозни. Себеси не се сфаќате најдобро и нека му е со среќа на секој кој ќе се обиде да ве разбере.
Вашето расположение се менува секојдневно, некогаш сте контрадикторни и не откривате многу за себе. Вие сте човек од малку зборови и чудно однесување. Сакате да ги набљудувате работите и луѓето пред да им се придружите.
6.ОКО
Длабоко во себе сте чувствителни, воочувате се’ и ништо не заборавате. Во добар склад сте со светот и најмали ситници може да влијаат врз вас.
Лесно може да ве насмеат и да ве расплачат. Не му покажувате на светот колку сте нежни и лесно предвидувате што ќе се случи.
7.ОКО
Длабоко во себе вие сте многу огнени, енергични и страстни. Не постои ништо суптилно за вас.
Имате купишта мислења, одлучни сте и не му покажувате на светот колку сте нестрпливи. Имате многу енергија и поради тоа често сте нервозни. Често правите драма во вашата глава.
8.ОКО
Длабоко во себе вие сте ексцентрик и имате необични верувања и интереси. Не се грижите многу за правилата и традицијата. Го создавате патот пред себе и му покажувате отворено на светот кој сте. Немате што да криете и светот слободно може да ви суди. Сакате и другите да се како вас.
9.ОКО
Длабоко во себе вие сте интуитивни и ги разбирате добро луѓето и светот околу себе. Вие знаете многу и тоа можете да го прочитате на туѓите лица.
Секогаш знаете кога некој лаже и се обидува да манипулира со вас, но знаете и кога треба вие да манипулирате.