Бубрезите се витални органи и многу е важно да ги сочуваме здрави. Бидејќи нивната работа е чистење на телото од токсини и вишокот на сол, од особена важност е нивната отптимална нормална функција.

Треба да се преземат чекори за да се обезбеди правилна функција на бубрезите односно да се прочистат од песок и камења.

Овој природен рецепт ќе ги прочисти бубрезите за да можат да работат совршено.

Потребни состојки:

-Листови од коријандер или магдонос

-Вода

Постапка:

Исечкајте го магдоносот/коријандерот на крупно. Прелијте го со вода, да биде покриен.

Потоа садот ставете го на оган, па откако ќе зоврие нека се готви уште 10 минути. Тргнете од огнот и оставете да излади. Пртоцедете и течноста чувајте ја во фрижидер.

Начин на употреба:

Пијте по една до две чаши на гладно, секојдневно. Ќе забележите дека бојата на урината ќе започне да се менува после неколку денови.

Таа промена се должи на започнатиот процес на чистење на бубрезите. Чајот можете да го пиете еден месец.

Покрај магдонос и коријандер, можете да консумирате и лимонов сок и маслиново масло за забрзување и полесно исфрлање на песокот и камчињата од бубрезите.

Исто така, чајот од магдонос лекува и менструални грчеви.

Пред да се обидете со некое алтернативно лекување, претходно консултирајте се со вашиот лекар, особено ако станува збор за камен во бубрег.