Домашно си е домашно и навистина е така. Тортиљите може да се прават и со стасувано тесто со квасец, но овие со прашок за печиво се побрзи и полесни за стомакот. Може да ги филувате со зеленчук, со пилешко, со месо, со разни намази…
Фото и рецепт: Стана Ѓуриќ
Потребни состојки:
400 г меко брашно
90 г растопен маргарин
250 мл млака вода
1 лажичка прашок за печиво
малку сол (едно мало лажиче, 5 г)
Постапка:
Промешајте брашно, прашок за печиво и сол. Додадете го растопениот и изладен маргарин (или путер) и млаката вода, па месете додека тестото да започне да се одвојува од садот.
Покријте со крпа и оставете го да отстои 15-тина минути, а потоа поделете го на 8 топчиња.
Набрашнете ја работната површина, па со оглегија развлечете го секое топче.
Корите треба да бидат тенки со величина на палачинка или според тавчето во кое ќе ги печите.
Тавата добро загрејте ја на нависока температура, па спуштете ја тортињата да се пече од секоја страна по 1-2 минути.
Вадете ги во сад и со нешто прекријте ги, памучна крпа или капак за да не се сушат. Тоа е тоа.
Фото и рецепт: Стана Ѓуриќ