Фотографија и рецепт на Јермина Јордамовиќ
Под рецептот можете да го погледнете и видеото со деталите околу подготвката.
Потребни состојки: 250 г петит кекси по избор (со какао, темни), сок од портокал или млеко за натопување на кексите, 400 г кисела павлака, 200 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 200 г мелени кекси, 100 г чоколадо со вкус на малина или јагода со цврст фил, 1 шлаг крем од ванила, 100 мл ладно млеко и 200 мл слатка павлака
Постапка: Киселата павлака, шеќерот и ванилин шеќерот лесно измешајте ги со лажица. Додадете ги мелените кекси. Повторно промешајте, па додадете го сечканото чоколадо (не многу ситно, на покрупно). Повторно промешајте.
Потоа додадете го претходно изматениот шлаг крем. И сето заедно убаво промешајте.
Во тепсија со димензии 30х20 см наредете кекси кои на кратко само сте ги натопиле во сок или млеко и веднаш сте ги извадиле.
За еден ред ми беа потребни 12 кекси (3х4) и уште 1 до 2 искршени за пополнување на аглите.
Врз бисквитите распоредете фил, па преку филот повторно наредете натопени кекси.
200 мл слатка павлака изматете со миксер во цврст шлаг, па нанесете го одозгора врз кексите. Украсете со чоколадни трошки или по желба.
Според рецептот на Јеца Сваштарица: