Хипергликемијата е подмолна болест, болест која нема видливи симптоми и поради тоа нејзината ескалација може да се превиди.

Трајно или делумно, можат да бидат оштетени крвните садови, бубрезите, очите, нервите…

Зголемено ниво на шеќер во крвта се случува кога вашиот панкреас престанува да произведува инсулин или кога вашето тело не е во состојба правилно да го користи инсулинот, кој е присутен во организмот.

Дијабетес тип 1 – или т.н. јувенилен дијабет обично се јавува кога имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа и уништува бета клетките на панкреасот, кој го произведуваат инсулинот.

Дијабетес тип 2 – овој тип на дијабетес е уште и наречен возрасен дијабет и обично се случува кога телото не може да го користат инсулинот правилно или не произведува доволно инсулин.

Гестациски дијабетес – овој тип на дијабетес обично се случува за време на бременоста, особено во второто тромесечје од бременоста.

Исто така треба да знаете дека постојат многу различни природни лекови, кои можат да ви помогнат да го регулирате нивото на шеќер во крвта, но пред да се одлучите за конвенционална терапија, можете да пробате и со некој лек од народната медицина.

Постапката за приготвување на овој многу популарен домашен лек, кој ќе ви помогне да го регулирате нивото на шеќерот е многу едноставна.

Потребни состојки:

1 јајце

Јаболков оцет

Подготовка:

Јајцето треба да се свари навечер, да се излупи, а потоа со виљушка треба да се направат неколку дупчиња во него.

Се става во тегла и се прелива со оцет. Се остава така да преноќи.

Наутро се јаде само јајцето, но не и оцетот што останал невпиен.

Во текот на јадењето треба да се испие чаша млака вода во која претходно се додава лажичка оцет.

Познато е дека јајцата се многу хранливи и дека се одличен извор на протеини. Ваков појадок ќе го намали и апетитот и ќе придонесе за чувство на енергичност.

Овој домашен лек треба да се испроба, едноставно и лесно се прави, безбеден е и многу ефикасен.