Жена на социјалните мрежи истура сончогледово масло во сите одводи и вели дека оваа пракса ја има веќе 25 години. Причината за ова, таа вели, е неверојатна, а резултатот е уште подобар!
“Водоинсталатерот ми ја откри оваа тајна. Секогаш кога сме отсутни од дома на неколку дена, јас го правам ова.
Пред 25 години со маж ми отпатувавме на подолг одмор кај неговите родители. Иако не планиравме да останеме многу долго, на крај останавме кај нив цели 2 месеца.
Кога конечно се вративме дома и влеговме во станот, за малку ќе се онесвестевме од смрдеата. Отворивме сè што можеше да се отвори, ширум сите прозори, ама остриот мирис на канализација не си одеше, а не се ни ублажи. Како да имаше нешто скапано, ама не можевме да откриеме од каде доаѓа смрдеата.
Прво си помисливме дека сме заборавиле некоја храна која се истурила во фрижидер или во рерна, ама не, сè сме оставиле како што треба.
Најпосле маж ми откри дека смрдеата доаѓа до садоперот, лавабото и кадата. Никогаш порано сме немале ваков проблем.
Затоа, повикавме водоинсталатер, а тој ни ја разреши мистеријата. Кога ја користите водата секојдневно, таа ги мие цевките и ја носи секоја нечистотија која започнала да се таложи. Постојано цевките и одводите се плакнат и се “истеруваат” мирисите од канализациската цевка.
Бидејќи долго бевме отсутни, никој не пуштал вода во вц-школката, кадата и чешмите, па талозите се исушиле и немало веќе што да ја запре таа смрдеа, која започнала слободно да се шири низ куќата.
Водоинсталатерот ни рече за во иднина, кога ќе знаеме дека ќе бидеме отсутни барем неколку денови, во сите одводи да истуриме малку сончогледово масло. Тоа ќе направи обвивка, и водата нема целосно да се исуши.
Бевме скептични, ама решивме да го послушаме и да го испробаме ова првата можност што ќе ја имаме. И навистина, проблемот оттогаш не ни се повтори, а постапката ја применуваме, еве веќе, во текот на 25 години!