Идеален појадок или вечера за целото семејство…
Потребни состојки:
500 г макарони
1 литар млеко
3 чаши јогурт (од 180 г или 200 мл)
5 јајца
150 г младо сирење
сол и црн пипер по вкус
Постапка:
Макароните ставете ги во плех за печење.
Во еден подлабок сад изматете ги јајцата, додадете го млекото, јогуртот и сирењето, а по потреба зачинете.
Добиената смеса излејте ја преку макароните и добро промешајте за рамномерно да бидат потопени.
Вака закиснатите макарони оставете ги да отстојат еден час, со повремено промешување за да можат добро да го впијат преливот.
Во меѓувреме загрејте ја добро рерната, па ставете ги макароните да се печат на 200 степени додека убаво да заруменат.
Ќе уживате во секој залак!
coolinarika.com