Експертите ни откриваат супер трик: Во шампонот додадете малку шеќер!
Необичниот совет доаѓа од дерматолог, а наводно гарантира прекрасен сјај и убава фризура, бидејќи шеќерот делува како ексфолијант, односно прави нежен пилинг на скалпот.
Повеќето од нас знаеме дека шеќерот е лош за нашиот организам и неговиот внес треба да се ограничи на минимални дози, но некои експерти сепак советуваат негова употреба, но не во исхраната, туку во хигиената.
Една од нив е познатата д-р Франческа Фуско, дерматолог од Њујорк која смета дека додавањето на малку шеќер во шампонот е всушност најдобриот трик за убавина и здравје на косата што некогаш бил осмислен.
Според неа, во целото шишенце треба да се стави една мала лажичка шеќер, кој ќе делува како ексфолијант, односно ќе направи нежен пилинг на темето од косата. Со тоа ќе се отстранат изумрените клетки и косата ќе се исчисти од нечисторијата.
-Не само што ефикасно ја отстранува маснотијата и нечистотијата, шеќерот овозможува и длабока пенетрација на регенераторот, па добиваме и поголема чистота и подобра хидратизација – вели Фуско.
Таа исто така објаснува, дека без повремен пилинг косата станува “задушена” во нечистотија, па поспоро и потешко расте.
Други ефикасни трикови кои дерматолозите ги наведуваат се повремено испирање на масната коса со винска киселина (еднаш во месец дена), како и користење на разни масла на врвовите од косата наместо регенератор, еднаш седмично.