Дали уживате во селски јадења кои лесно и едноставно се приготвуваат? Во продолжение прочитајте го рецептот за реден компир кој сигурно ќе ви се допадне и ќе ви стане редовно јадење на вашата трпеза.
Потребни состојки:
2,5 кг компир
200 мл млеко
300 мл кисело млеко
2 главици кромид со средна величина
50 г рендан тврд кашкавал
1 ловоров лист
1 чешне лук
Сол, црн пипер
Путер за премачкување на садот
Постапка:
1.Ставете го млекото, ловоровиот лист и чешнето лук во еден сад. Проварете ги 2-3 минути, извадете го лукчето и ловорот, па оставете млекото да излади. Потоа во него измешајте го киселото млеко и малку посолете.
2.Исечкајте го кромидот на тркалца (или по желба на ситни коцки) и динстајте на малку путер, масло или свинска маст додека да добие златно-жолта боја.
3.Исечете го компирот на тенки тркалезни плочки.
4.Подлабок сад за печење премачкајте го со путер. На дното од садот наредете тркалца од компир, посолете и запиперете. Кога ќе го прекриете дното на садот, наредете динстан кромид. Врз него наредете го преостанатиот компир, посолете и запиперете.
5.Прелијте го компирот со мешавина од ароматизираното млеко и павлака.
6.Прекријте го садот со алуминиумска фолија и ставете во загреана рерна на 180 степени, 45 минути.
7.После 45 минути внимателно отстранете ја фолијата. Бидете внимателни за да не изгори врелата пареа. Преку компирот поросете рендан кашкавал и вратете уште малку да се допече. Печете додека да добие златно жолта боја.
СОВЕТ:
Можете да додадете разни зачини по вкус, на пример свеж копар, рузмарин, чили или црвен пипер. Можете да додадете и мелено месо, а кромидот пропржете го со сечкана сланина.