Куркумата последниве неколку години стана главна состојка за многу лековити напитоци и делотворни маски за лице и кожа.

Меѓутоа, особено кога се работи со свеж корен од куркума, се случува да ни останат дамки на работната површина или облеката. Понекогаш, при приготвување на златното млеко се случува чинијата или керамиката да ја прими жолтата боја. Како се отстрануваат овие дамки?

За пластични и керамички садови:

Потребни состојки:

1 шолја врела вода
½ шолја алкохолна киселина или избелувач

Постапка:

Измешајте ги состојките во чинија доволна голема за да можете во неа да го потопите извалканиот сад. Оставете да преноќи во овој раствор. Следниот ден измијте го садот на вообичаен начин.

РАБОТНА ПОВРШИНА ВО КУЈНАТА:

Потребни состојки:

1 лажица сода бикарбона
1 лажица лимонов сок

Постапка:

Измешајте во паста, нанесете врз дамките и оставете 10-тина минути. Истријте со сунѓер и исперете.

ЗА ТКАЕНИНА:

Потребни состојки:

3 лажици сода бикарбона
½ лажичка течен детергент
5 литри врела вода

Постапка:

Прво колку можете исперете ја куркумата со крпа или сунѓер, па потоа дамката наросете ја со сода бикарбона.

Оставете 10-тина минути да мирува, па потоа нанесете течен детергент, протријте ја дамката и исперете ја со врела вода. Потоа исперете ја облеката на вообичаен начин во машина.